Безбедност

From OSHWiki
Jump to: navigation, search

Вовед

Безбедноста традиционално се гледа како превенција на несреќи, односно избегнување да се случуваат несакани настани. Безбедноста, исто така, може да се гледа и како темелна вредност на работното место. Ако се усвои продуктивен начин на размислување, тогаш безбедноста ќе се гледа како техничка отпорност, и соодветно на тоа, во случај на непредвидливи предизвици, работните операции треба да се вратат назад во нормалниот тек со само минимални штети. Во постојано менувачкиот работен живот и работна средина, безбедноста треба постојано да се подобрува. Постигнувањето на саканото ниво на безбедност бара континуирана работа, истовремено и на ниво на управување и на оперативно ниво.

Дефиниција за безбедност

Безбедност подразбира состојба да се биде безбеден, односно ослободен од повреда или опасност. Концептот на безбедност е мултидимензионален; односно има нивоа кои влијаат на поединци, компании и на цели општества. На секое ниво треба да се пристапи од различни точки на гледање, но општата атмосфера кон важноста на безбедноста е позитивна.

Безбедноста се темели врз две дискретни активности: обемот на ризикот и вредноста ставена на ризикот. Безбедноста се занимава со можноста работниците да работат на начин со кој нивното здравје нема да биде загрозено. Безбедноста во индустријата се занимава со превенција на индустриските несреќи, кои можат да бидат предизвикани, на пример, од пожар или со ослободување на опасни хемиски супстанци.

Безбедноста исто така се занимава и со ресурсите за управување со ризиците. Кога зборуваме за безбедност, целта треба да биде да се спречат несреќи, а не само да се преживеат. Превенцијата на несреќи традиционално се зема во предвид само откако ќе се случи несреќата. Мотивацијата за да се спречи слична несреќа се појавува само по несреќата и откако ќе предизвика економски трошоци. Безбедното работење е дел од оперативните практики на ниво на поединецот и на организацијата[1].

Традиционалниот реактивен начин за спречување несреќи, односно „стариот пристап“, во денешно време се смени во поактивна филозофија. Концептот на „инженеринг на еластичност/ отпорност“ стана сè попопуларен кога се размислува на безбедноста на работното место, бидејќи секогаш постои можност дека работите ќе тргнат наопаку, иако е направено сè што е можно за да се избегне тоа да се случи. Инженерингот на еластичност ја дефинира безбедноста како способност да се успее под различни услови, односно способноста да се справи со непредвидливите предизвици и да биде флексибилна на таков начин што работните операции може да се вратат во нормална состојба со минимална штета. Проектираната состојба, исто така, треба да ја вклучува идејата дека работите може да тргнат наопаку[2].

Подобрување на безбедноста

Безбедноста при работа има цврста основа за превенција на несреќи. Таа се занимава со сите работни луѓе, како за работниците, така и за оние кои привремено посетуваат едно работно место. Постојат неколку познати начини за подобрување на безбедноста; како што се проценка на ризик на работното место, образование и обука, кампањи за безбедност (на пример на социјалните медиуми), посветеност на управување со безбедноста, системи за управување со безбедноста и здравјето при работа со цел да се подобрат проблемите на БЗР на повеќе структуриран и формален начин [3], итн. Сите овие техники за подобрување на безбедноста при работа се подржуваат едни со други, всушност тие работат најдобро кога се користат рамо до рамо. Секоја несреќа на работното место е знак дека нешто не е во ред со управувањето.

Безбедноста не е стабилна вредност: таа не само што треба да се одржува, туку, треба и постојано да се подобрува. Културата на безбедност покажува како всушност безбедносните практики се извршуваат на работното место. Културата на безбедност се однесува на начините на кои неформалните аспекти на една организација можат да влијаат на безбедноста и здравјето при работа на позитивен или негативен[4] начин. Корените на несреќи на работното место може да се најдат во културата на безбедност. Една добра култура на безбедност има позитивно влијание врз квалитетот, сигурноста, компетентноста и продуктивноста на една компанија. Многу е важна улогата на менаџментот во креирањето на добра култура на безбедност.

Културата на безбедност соодветствува на еден збир на верувања, перцепции и ставови кои ја одразуваат важноста дека поединците во организацијата придонесуваат за безбедноста, за себе на лично ниво, како и за безбедноста на другите. Културата на безбедност се креира и негува најчесто преку несвесните процеси на социјализација – таа често се смета како општествена конструкција[5].

Луѓето обично чувствуваат дека безбедноста е важна, но сепак тие чинат небезбедни дејства кои можат да доведат до несреќа. Во случај кога сметаат дека ризикот може да биде незначителен, поединците може да ризикуваат, односно да постапат небезбедно, со цел да заштедат на време [6], а луѓето имаат тенденција да ги игнорираат информациите кои не се во согласност со нивните верувања и предрасуди[7]. Човечките грешки често се гледаат како неизбежни причини за сообраќајни несреќи, иако постојат вистински основни причини зад човечките постапки.

На безбедноста треба да се гледа како на концепт со широк спектар: во прилог на избегнување на претходни несакани настани, фокусот треба да биде на новите потенцијални ризици. Фокусирајќи се исклучиво на одредени ризици или практики, често се занемаруваат другите релевантни прашања.

Предности

Помалку несреќи

Подобрувањето на безбедноста го намалува бројот на несреќи при работа. Жртвата на професионални несреќа е лице кое има обврски и надвор од работното место. Затоа, превенцијата на несреќи е фактор од витално значење на секое работното место, со цел да се избегнат непотребни човечки страдања и економски загуби. Посветеноста на работниците на нивната работа и на работното место, и истата ќе се зголемува како што ќе се намалува бројот на несреќи на работното место. Безбедноста не е само физички факт, туку, исто така, претставува чувство на работење во безбедна работна средина.

Намалени ризици

Подобрени безбедносни мерки значи дека ризиците на работното место се намалени. Голем број професионални ризици можат да бидат целосно избегнати или елиминирани од работните места. Сепак, мора да се провери дали елиминирањето на ризиците не ги пренесува само, односно не предизвикува ризиците да се преселат во други области[8]. Дополнителна предност е што намалените нивоа на ризик го прават работното место поатрактивно и пријатно за работа, со што се зголемува продуктивноста, и на компаниско и на индивидуално ниво.

Намалени трошоци

Економските аспекти се важни во денешниот работен живот. Секоја година, 4,9 милиони несреќи резултираат со отсуство од работа од повеќе од 3 дена. Трошоците од несреќите при работа и професионалните заболувања во повеќето земји се движи со 2.6 – 3.8% од бруто домашниот производ (БДП))[9]. Тоа претставува голем трошок за поединечните претпријатија, како и за националните економии. Поголемиот дел од работните операции извршени во работните места се сметаат врз основа на нивната економска вредност. Подобрувањето на безбедноста, исто така, може да се гледа како инвестиција [10]. Несреќите наметнуваат дополнителни трошоци за компаниите, како и за општеството во целост. Покрај тоа, несреќите повлекуваат трошоци и имаат негативно влијание врз здравјето на работниците, како на претпријатието, така и на целокупната атмосфера на работното место. Несреќите, исто така, предизвикуваат и дополнителни негативни ефекти и трошоци за жртвите, на индивидуално ниво, бидејќи тие причинуваат непотребна болка и компликации за секојдневниот живот.

Намалена опасност од правни постапки

Законите постојат да ги заштитат безбедноста и здравјето на вработените. Законските барања ги водат работните места во безбедни начини на работа. Како што се подобрува безбедноста, така заканите за правни санкции, кои се наметнуваат ако не се следат безбедносните прописи, истовремено ќе се намалат.

Репутација – Подобрена репутација меѓу добавувачите и партнерите

Зголемената безбедност предизвикува посигурно производство кое може да доведе до навремено исполнување на планираните распореди со производи кои ги исполнуваат барањата за квалитет. Спротивно на тоа, несреќите причинуваат доцнење во производството, што значи дека угледот на компанијата ќе страда, и може да помине подолго време додека се врати и/или подобри угледот на една компанија. Јавниот судски процес, инициран поради несреќи, предизвикува долгорочна штета за било кое работното место, а особено за приватните компании кои се насочени кон профитабилен бизнис. Работното место кое вложило напори во превенција на несреќи има предности - тоа ќе се гледа како атрактивен работодавач од страна на новите работници, како и сигурен, баран, деловен партнер од други компании.

Зголемена продуктивност

Безбедноста е тесно поврзана со продуктивноста. Опремата и работната средина кои се оптимизирани за потребите на работниот процес и кои се добро одржувани ќе имаат поголема продуктивност и ќе постигнуваат подобар квалитет. Управувањето со БЗР треба да биде интегрирано во општото управување со одржувањето[11]. Со помалку несреќи следствено се намалуваат отсуствата на вработените поради боледување, а ова резултира во пониски трошоци и помало нарушување на производствените процеси. Покрај тоа, здравите работници се попродуктивни и ќе генерираат производи со повисок квалитет.

Начини за подобрување на безбедноста

Учење од настанатите и избегнатите несреќи

Добрата превенција на несреќи се заснова на анализа на сето она што се случило во минатото. Важно е да се разбере зошто се случиле несреќите или како некоја несреќа за малку се избегнала и какви активности можат да се преземат за да се биде сигурен дека тие нема да се случат повторно. Наоѓањето на коренот на причините за сите настанати и избегнати несреќи помага да се идентификуваат постојните опасности и ризици на работното место и тогаш таа информација ја формира основата за корективните акции кои треба да се преземат.

Обука за безбедни работни методи

Работниците мора да бидат обучени и инструирани за прашањата на безбедноста и здравјето[12]. Ограниченото познавање на безбедноста и слабата мотивација за следење на безбедносните процедури истовремено и ќе го зголеми бројот на несреќи на работното место. Разбирливо е дека оние работници кои имаат слаба мотивираност да ги следат правилата и процедурите за безбедност во нивната работа, исто така, се и оние кои најмногу и најчесто ги кршат правилата. Работниците мора да бидат свесни за ризиците и последиците ако не се следат правилата за безбедност – и правните и физичките последици[13].

Мерење на безбедноста

Мерењата на успешноста може да се поделат на реактивно следење и на активно следење[14]. Досегашниот начин е идентификување и пријавување на инциденти (реални настанати несреќи и за малку избегнати несреќи), и учење од грешките, додека другиот начин обезбедува повратни информации за перформансите пред една несреќа или инцидент да се случи. Показателите на заостанување се поврзани со реактивното следење и покажуваат кога саканиот безбедносен исход не успеал, или кога тоа не е постигнато. Показателите на мониторинг претставуваат еден вид активно следење (на пр. следење/мониторинг на различни видови на ризици) и се користат како влезни информации кои се од суштинско значење во демонстрирање дека посакуваниот исход за безбедност е постигнат[5].

Посветеност на менаџментот на безбедноста

Топ менаџментот има клучна улога во подобрување на безбедноста при работа, бидејќи и за превенцијата на несреќи и за креирањето на подобра култура за безбедноста се потребни ресурси. Оние лидери кои високо ја вреднуваат безбедноста, исто така, ја ценат благосостојбата на своите вработени. Желбата да се обезбеди благосостојбата на вработените е неопходна за посветување кога целта е да се постигне добро ниво на безбедност во секое работно место.

Додека ставовите и однесувањето на топ менаџерите може да ги движат безбедносните перформанси на организациите, средните менаџери формираат друга категорија на лица кои играат важна улога во безбедноста и организациските промени. Тие може да имаат двојна улога, затоа што се блиску до своите работници и на тој начин придонесуваат за локалната микро-култура, но тие исто така може да бидат во близина на менаџментот, речиси како подвижна лента која ги движи/носи целите и ограничувањата до работниците[5].

Освен што имаат водечка улога на модели за подобрување на безбедноста, барањата и процедурите треба да бидат јасно објаснети и работниците треба да бидат мотивирани да ги следат барањата за безбедност. Менаџерите се на клучна позиција кога ќе се осигураат дека соодветните ресурси се навистина достапни за да обезбедат безбедно работење.

Посветеност на работниците на безбедноста

Учеството на работникот е важен дел на управувањето со безбедноста и здравјето при работа. Секој работник има идеи за причините на несреќите и методите на превенција. Менаџерите немаат решенија за сите безбедносни и здравствени проблеми, додека работниците и нивните претставници може да имаат детално познавање и искуство за тоа како работата е завршена и како тоа влијае на нив. Затоа работниците и менаџерите треба бидат во тесна соработка за да се најдат заеднички решенија за заедничките проблеми.

Важно е персоналот во погонот/работилницата/работниот простор да биде вклучен во генерирање на безбедноста на своите работни места. Учеството на работниците и/или нивните претставници е важно поради неколку причини: Работниците имаат јасен интерес во (личната) безбедност, тие се многу повеќе вклучени во опасни активности од нивните менаџери, и тие често имаат знаење од прва рака, што често се премолчува, за опасните процеси, релевантните фактори на ризик и практичните аспекти на потенцијалните безбедносни решенија[15].

Визија за нула несреќи

Визијата за нула несреќи се заснова на верувањето дека сите несреќи може да се спречат, па затоа промовирањето на визијата на нула несреќи е важна стратегија за спречување на несреќите на работното место. Визијата на нула несреќи сè почесто се усвојува од страна на компаниите кои сакаат да ги елиминираат несреќите на работното место, бидејќи тие чувствуваат дека нивниот идентитет не дозволува несреќи. Ако несреќите не бидат спречени во краток рок, тогаш тоа треба да биде изводливо на подолг рок. Целта на визијата за нула несреќи е да ги охрабри луѓето да размислуваат и да дејствуваат на начин кој ја поддржува визијата дека сите несреќи може да се спречат. Во минатото луѓето ги толерирале несреќите, бидејќи верувале дека тие едноставно не можат да се спречат, или дека одреден број на несреќи се неизбежни. Се наведува дека промовирањето на визијата за нула несреќи е важно оружје во борбата против овој вообичаен вид/тип на фатализам.

Заклучоци

Денес безбедноста се гледа како основна вредност за работа, не само за постигнување на законското ниво на безбедност, но и како општо прифатен став за тоа како да се работи на безбеден начин. Безбедноста веројатно сè повеќе и повеќе ќе се третира како примарно прашање на работните места и работниците ќе почнат да го бираат своето работно место врз основа на нивото на безбедност на таа работа.

Јавниот интерес за прашањата од областа на безбедноста во глобалната перспектива се зголемува додека компаниите делуваат низ целиот свет. Глобалните компании поставија безбедносни вредности кои ги надминуваат географските граници. Нивната работна сила ги преминува границите и ваквиот зголемен тренд на движење на работната сила, ја зголемува и свеста за безбедно работење. Новите технологии и новите начини на работа нема да ја заменат важноста на безбедноста. Методите за одржување на безбедноста може да варираат поради новите облици на ризици, како што се барањата за „мултитаскинг“, кои бараат од работникот да има способност да се справи со прашањата поврзани со безбедноста на повеќе задачи.

Работодавачите се соочени со предизвикот на планирање на безбедноста, сега кога работниците многу почесто ги менуваат нивните работни места отколку во минатото. Работниците треба да бидат постојано обучувани и одново обучувани за безбедноста на работното место кое се менува. Исто така, работниците треба да бидат способни да се справат со поширок спектар на ризици, кои произлегуваат од новите технологии и методи на работа. Безбедноста не е само физичка состојба, туку мора да се смета и на психолошките аспекти при подобрувањето на безбедноста. Наместо да се концентрираат на пропустите и неправилностите во работата, целиот фокус треба да биде повеќе насочен на позитивните исходи од безбедноста и начините како да се постигнат таквите позитивни цели[16].

Литература

  1. Hollnagel, E., Woods, D. & Leveson, N., Resilience Engineering, Burlington, Ashgate, 2006.
  2. Hollnagel, E., Nemeth, C. P. & Dekker, S., Remaining Sensitive to the Possibility of Failure. Resilience Engineering Perspectives, Aldershot, Ashgate, 2008.
  3. EU-OSHA - European Agency for Safety and Health at Work, Mainstreaming OSH into business management. (2009). Available at: [1]
  4. EU-OSHA – European Agency for Safety and Health at Work, Occupational Safety and Health culture assessment – A review of main approaches and selected tools, 2011. Available at: [2]
  5. 5.0 5.1 5.2 Zwetsloot, G., Aaltonen, M., Wybo, J., Saari, J. Kines, P., Op de Beeck, R. , ‘The case for research into the zero accident vision’, Safety Science, 2013. (in print)
  6. Hale, A., The individual and safety, In: Ridley, J. & Channing, J. Safety at work,. Butterworth Heinemann, Sixth Edition, 2003. pp. 330-388.
  7. Pate-Cornell, M. & Murphy, D., ‘Human and management factors in probabilistic risk analysis: the SAM approach and observations from recent applications’, Reliability Engineering and System Safety 53, 1996, pp. 115-126.
  8. EU-OSHA – European Agency for Safety and Health at Work, Assessment, elimination and substantial reduction of occupational risks, 2009. Available at: [3]
  9. EU-OSHA - European Agency for Safety and Health at Work. Business Aspects of OSH. (2013). Retrieved 18 April 2013, from:[4]
  10. Reason, J., Managing the Risks of Organizational Accidents, Aldershot, Ashgate, 1997
  11. EU-OSHA – European Agency for Safety and Health at Work. Maintenance and hazardous substances –maintenance in the chemical industry, EU factsheet 67 (publication year not available). Available at: [5]
  12. EU-OSHA – European Agency for Safety and Health at Work, Worker Participation in Occupational Safety and Health – A practical Guide, 2012. Available at: [6]
  13. Barling, J. & Frone, M.R. The Psychology of Workplace Safety, Washington, American Psychological Association, 2004.
  14. Oien K., Utne I.B., Herrera I.A., 2011. Building Safety indicators: Part 1 – Theoretical foundation, Safety Science 49, 148–161.
  15. Podgorski D., ‘The Use of Tacit Knowledge in Occupational Safety and Health Management Systems’, Journal of Occupational Safety and Ergonomics, 16 (3), 2010, pp. 283-310.
  16. Hollnagel, E., FRAM: the functional resonance analysis method. Burlington, Ashgate, 2012.

Линкови за натамошно читање

EU-OSHA – European Agency for Safety and Health at Work (2012). Management of occupational safety and health, An analysis of the findings of the European survey of enterprises on new and emerging risks. Retrieved 19 April 2013, from: [7]

EU-OSHA – European Agency for Safety and Health at Work (2011). Occupational Safety and Health Culture Assessment – a Review of main approaches and selected tools. Retrieved 19 April 2013, from: [8]

EU-OSHA – European Agency for Safety and Health at Work (2012). Leadership and Occupational Safety and Health (OSH): an Expert Analysis. Retrieved 19 April 2013, from: [9]

EU-OSHA – European Agency for Safety and Health at Work (2012). Definitions. Retrieved 19 April 2013, from: [10]

EU-OSHA – European Agency for Safety and Health at Work (2010). Economic incentives to improve occupational safety and health: a review from the European perspective. Retrieved 19 April 2013, from: [11]

EU-OSHA – European Agency for Safety and Health at Work (2011). Magazine. Retrieved 19 April 2013, from: [12]

Contributors

Milan Petkovski