Стратегии за превенција и контрола

From OSHWiki
Jump to: navigation, search


Вовед

Секоја година милиони луѓе во Европската Унија се повредени на работа или нивното здравје е сериозно оштетено на работното место. Несреќите и болестите при работа причинуваат огромно човечко страдање и загуби, додека економските трошоци се исто така високи.[1] Превенцијата е водечкиот принцип на законите за безбедност и здравје при работа (БЗР) во Европската Унија. Со цел да се избегне случувањето на несреќи и настанувањето на професионални болести, минималните барања, во рамките на Европската Унија, за безбедност и здравје при работа се усвоени ширум земјите членки. Оваа статија дава преглед на стратегиите за превенција и контрола.

Улогата и неопходноста од стратегии за превенција и контрола

Концептите за проценка на ризик на работното место и управувањето со ризици се фундаментални за превенцијата и контролата на ризиците по безбедноста и здравјето при работа. Клучните аспекти на проценка на ризик на работното место вклучуваат осигурување дека сите релевантни ризици се земени во предвид, проверка на ефикасноста на усвоените безбедносни мерки, документирање на резултатите од проценката и редовно преиспитување на проценката за истата да се одржува ажурирана. Работниците имаат право на редуцирање на болестите и несреќите со оглед на тоа што овие работи може да бидат намалени/спречени доколку се врши проценка на ризик на работното место и управување со ризиците.[1].

Во 2003 година, Меѓународната организација на трудот (ILO) ја објави глобалната стратегија за БЗР[1]. Стратегијата наведува дека еден од фундаменталните столбови на глобалната стратегија за БЗР ги вклучува градењето и одржувањето на национална превентивна култура за безбедност и здравје и воведувањето на системи за пристап кон управувањето со БЗР.

Стратегијата на ILO /МОТ (Меѓународната организација на труд) ја вклучува и потребата од превентивна култура, обемот на глобалното влијание на професионалните несреќи и болести, како и главните индустриски катастрофи, во смисла на човечко страдање и поврзаните економски трошоци, се долгогодишен извор на загриженост на работното место. Направени се значајни напори на сите нивоа за да се најде решение за овој проблем, но сепак Меѓународната организација на труд процени во 2003 година дека преку 2 милиони работници годишно умираат од несреќи и болести поврзани со работата и дека на глобално ниво оваа бројка расте.

Тешко е да се добие поактуелна севкупна статистичка слика за болест, повреда и смрт предизвикани од работата, бидејќи статистиките се собрани од одделни земји или групи земји и на различни начини. Меѓутоа, според податоците од Извештајот на британскиот Извршен орган за здравје и безбедност (HSE) од 2011/12 година, 173 работници починале (стапка од 0.6 смртни случаи на 100,000), а 1.1 милиони луѓе кои работеле во текот на минатата година страдале од болест (долго стоење како и нови случаи) за која верувале дека била причинета или влошена од нивната тековна или мината работа. Половина милион од нив биле нови состојби кои започнале во текот на годината.

Принципи за превенција и контрола

Превенција значи избегнување на ризик или опасност. Контрола е поим за опишување на активностите за ублажување, каде ризикот не може да биде спречен. Принципите на стратегиите за превенција и контрола се вградени во неколку делови на законодавството за Безбедност и Здравје (H&S) на ЕУ[2]. Рамковната директива за БЗР (89/391/ЕС)[2] е од фундаментално значење; нејзиниот основен закон за безбедност и здравје при работа ги поставува општите принципи на превенција и заштита на работниците од несреќи и болести при работа. Во член 16 од оваа директива, поконкретно се креирани директивите. Од особено значење за здравјето е Директивата за хемиски агенси, Директивата за канцерогени, Директивата за физички агенси и Директивата за биолошки агенси. Исто така, креирани се и други директиви кои се однесуваат на работното место, како за опрема со дисплеј екран и мануелно ракување. Рамковната директива ги содржи општите принципи во однос на:

  • превенција на ризици,
  • заштита на безбедноста и здравјето, проценка на ризици,
  • елиминација на ризици и несреќи,
  • информирање, консултација, балансирано учество во согласност со националните закони и/или практики,
  • обука на работниците и нивните претставници,
  • општи насоки за спроведување на споменатите принципи,
  • обврски на работодавачите, вработените и други групи.

Член 6 од Директивата 89/391[2] ги поставува следниве општи принципи на превенција:

(a) избегнување на ризици;

(b) проценка на ризици кои не може да се избегнат;

(c) спречување на ризиците на изворот;

(d) прилагодување на работата кон поединецот, особено во однос на дизајнот на работните места, изборот на опремата за работа и методите на производство, со поглед, особено, на ублажување на монотоната работа и работата со однапред одреден работен ритам и намалување на нивното влијание врз здравјето.

(e) адаптирање кон техничкиот напредок;

(f) замена на опасните материи со неопасни или помалку опасни;

(g) развој на кохерентна политика на севкупна превенција која ги опфаќа технологијата, организацијата на работата, условите за работа, социјалните односи и влијанието на факторите поврзани со работната средина;

(h) давање приоритет на колективните заштитни мерки над индивидуалните мерки за заштита;

(i) давање соодветни упатства на работниците.

Директивата 89/391[2] е транспонирана во националното законодавство како што се оние за бучава[2], РРЕ[3] и за бремени работнички[4] за да обезбедат структура за справување со сите ризици. Рамковната директива ги поставува општите принципи на превенција, а потоа оние поконкретни директиви, кои даваат повеќе детали релевантни за одредена опасност, усогласени со секој од принципите за превенција како што е горе наведено.

Клучните Директиви врз основа на член 16(1) од 89/391, кои ги следат принципите за превенција се директивите за хемиски, физички и биолошки агенси;

Проценка на ризик на работното место

Директивата 89/391[2] е најважното законодавство на ЕУ релевантно за проценка на ризици. Проценката на ризици е камен темелник на европскиот пристап за превенција на несреќите и болестите при работа. Тоа е почеток на пристапот за управување со безбедноста и здравјето при работа. Доколку ова не се направи добро или воопшто не се направи, тогаш соодветните превентивни мерки веројатно нема да бидат идентификувани или поставени на место.

Дефиниција за проценка на ризик (од Водичот за проценка на ризици на ЕУ); проценката на ризик е процес на проценување на ризикот по безбедноста и здравјето на работниците при работа, а тие произлегуваат од околностите за настанување на опасност на работното место.

Фундаменталните чекори за проценка на ризици (од Европската агенција за безбедност и здравје при работа EU-OSHA) се опишани на веб-сајтот на Рамковната Директива (14)):

  • Чекор 1: идентификување на опасностите и оние со ризик
  • Чекор 2: проценка и давање приоритизација на ризици
  • Чекор 3: одлучување за превентивно дејствување
  • Чекор 4: преземање акција
  • Чекор 5: следење и ревизија

Опасност

Проценката на ризиците бара фундаментално разбирање на условите за опасност и ризик. Исто така, бара компетентност на лицето кое прави проценка на ризиците. Компетентноста посебно се изведува од соодветна обука и искуство.

Опасност е нешто (пр. предмет, својство на супстанција, феномен или активност) кое може да предизвика негативен ефект. На пример:

  • Вода на скалите е опасност, бидејќи може да се лизнете на нив, да паднете и да се повредите.
  • Гласната бучава е опасност, бидејќи може да доведе до губење на слухот.

Вообичаените опасности на работното место ги вклучуваат и оние кои произлегуваат од биолошките агенси, хемиските агенси, физичките агенси (вклучувајќи: - бучава, вибрации, - јонизирачко зрачење). Физички опасности (од паѓање, превоз до/од работното место, опасни машини, струја) и психосоцијални фактори.

Ризик

Ризик е веројатноста дека една опасност ќе ги предизвика своите негативни ефекти заедно со мерката за тој ефект. Тоа е дводелен концепт и треба да ги имате двата дела за тоа да има смисла. Веројатноста може да се изрази како веројатности (на пр. „еден во илјада“), фреквенции (пр. „1000 случаи годишно“) или на квантитативен начин (пр. „занемарлив“, „значителен“, итн.). Ефектот може да се опише на многу различни начини. На пример:

  • Годишниот ризик на еден работник во Велика Британија да доживее фатална несреќа (ефект) на работа (опасност) е помала од еден на 100.000 (веројатност);
  • Околу 1.500 работници секоја година (веројатност) во Велика Британија страдаат од не-фатални големи повреди (ефект) од контакт со подвижни машини (опасност); или
  • Животниот ризик за вработениот да развие астма (ефект) од изложеност на супстанцијата X (опасност) е значителен (веројатност).

Управување со ризици

Откако ризикот ќе се процени, мора да се донесе одлука за тоа какви нови мерки (доколку има) треба да се воведат со цел да се намали резидуалниот ризик, земајќи го предвид она што се смета за добра практика како насока. Клучна точка е дека, секогаш кога треба да се преземат превентивни мерки, тие треба да го подобрат степенот на заштита на работниците во однос на безбедноста и здравјето. Каде што е можно, особено е важно дека одлуките од овој тип треба да се донесат во фазите на дизајн или набавка на нови процеси, уреди, производи и процедури.

Концепт на онолку ниско колку што е практично

Клучен концепт за управување со ризиците во Обединетото Кралство е концептот на колку што е можно оправдано практично (ALARP). Овој концепт лежи во суштината на британскиот систем за здравје и безбедност.[5] Концептот вклучува мерење на ризикот наспроти проблемот, времето и парите потребни за да се контролира. Значи ALARP го опишува степенот до кој се очекува да се контролираат ризиците на работното место.

Примената на концептот “оправданост и практичност“ му овозможува на регулаторот на Обединетото Кралство (HSE) да ги постави целите на носителите на должноста, наместо да биде нормативен. Ваквата флексибилност е голема предност. Таа им овозможува на носителите на должноста да го изберат методот кој е најдобар за нив и така ги поддржува иновациите, но исто така има и свои недостатоци. Одлучувањето дали ризикот е ALARP може да биде предизвик, бидејќи бара од носителите на должноста и од Регулаторот да пресудуваат за високи опасности, сложени или нови ситуации, пристапот на Обединетото Кралство е да се изгради на добри практики, со користење на повеќе формални техники на донесување одлуки, вклучувајќи ја и анализата на економска исплатливост, за да ја соопштиме нашата пресуда. Надвор од Велика Британија принципот на ALARP често не се користи; наместо тоа постои приврзаност на стандардите и „добра инженерска практика“, а законодавството има тенденција да бара апсолутно ниво на безбедност за кое Европската комисија тврди дека до сега тоа е оправдано изводливо (SFAIRP), согласно формулацијата од Законот за безбедност и здравје при работа (1974) за нецелосно спроведување на условите на Рамковната директива. Директивата им дава на работодавачите апсолутна обврска „да ги обезбедат безбедноста и здравјето на работниците во секој аспект поврзан со работата“, каде што законот ја квалификува обврската „колку што е тоа разумно изводливо“. Судот ја отфрли акцијата и нареди на Комисијата да ги плати трошоците на Велика Британија.[5]

Хиерархија на контрола

Ризиците треба да се намалат на најниското оправдано изводливо ниво преку преземање превентивни мерки, по редослед на приоритетите (види Слика 1). Редоследот на приоритети исто така е познат и како хиерархија на контрола. Постојат пет чекори во хиерархијата на контрола. Петте чекори се следниве:

Чекор 1 Елиминација: Елиминација на опасностите се однесува на целосно отстранување на опасностите, и со тоа на ефикасен начин ги чинат сите идентификувани несреќи и болести невозможни. Ова е трајно решение и треба да се направи обид за истото во прв степен. Ако опасноста се отстрани, сите други контроли на управувањето, како што е следење и надзор на работното место, обука, ревизија на безбедноста и водење евиденција повеќе нема да бидат потребни.

Чекор 2 Супституција/Замена: Замена на опасноста со друга која претставува помал ризик.

Чекор 3 Инженерски контроли: Инженерските контроли се физички средства кои ја ограничуваат опасноста. Тие ги вклучуваат структурните промени на работната средина или работните процеси, поставување бариера за прекин на патот на пренос помеѓу работникот и опасноста. Локалната издувна вентилација (LEV) за контрола на ризиците од прашина или чад е чест пример на одвојување на опасноста од работниците преку методи како затворање или чување на опасните елементи од машините/опремата. Треба да се даде приоритет на колективните мерки повеќе отколку на индивидуалните мерки.

Чекор 4 Административни контроли: Овие ја намалуваат изложеноста на опасности и приврзаност на процедури или упатства. Документацијата треба да ги истакне сите чекори кои треба да се преземат и контролите кои треба да се користат за безбедно извршување на активноста.

Чекор 5 Опрема за лична заштита (РРЕ): Истата треба да се користи само како последно средство, откако сите други контролни мерки биле разгледани, или како краткорочна непредвидена мерка во текот на ургентна состојба/ одржување/ поправка или како дополнителна заштитна мерка. Успехот на оваа контрола зависи од правилно избраната заштитна опрема, како и од тоа дали истата е правилно поставена, се носи во секое време и правилно се одржува.

Причината зошто опремата за лична заштита е на дното на хиерархијата на контроли и е ефикасна како последно средство е поради тоа што е поголема веројатноста за неуспехот при опасност (во споредба со погорните контроли од хиерархијата) бидејќи толку многу се потпираат на нивниот успех за поединецот – независно дали тие реално користат опрема за лична заштита или колку добро ја користат или колку всушност им одговара.

Слика 1: Хиерархија на контроли

03 C1.png

Извор: безбедност на машини[6]

Забележете како одите надолу по листата на опции, дека контролите стануваат сè понесигурни, поскапи и бараат повеќе работа за да се провери дали тие се одржуваат. Во повеќето ситуации, вистинскиот метод за контрола на ризикот е комбинација од опции во хиерархијата. Обуката на работници треба да биде поврзана со сите чекори и е од фундаментално значење за превенција и за контрола.

Проценка на ефикасноста на стратегиите за превенција и контрола

Ревизија

Од суштинско значење е правилно да се применуваат и одржуваат инспекцијата или ревизијата или другите системи за управување, со цел за ефикасно управување со ризиците. Еден пример на пристап на системите за управување е ЕU: BS 18001[7] кој вклучува ревизија, обука, комуникација и постоење на регистар на ризици.

Практични примери за проценка на ефикасноста на стратегиите за превенција и контрола

Примерите за проценка на ефикасноста на контролните мерки вклучуваат мерење на изложеноста на работниците на опасни супстанци проследени со соодветна споредба со релевантните стандарди на изложеност. Онаму каде што се применуваат стручни контроли, како што е Локалната издувна вентилација за управување со ризикот од изложеност на работникот на опасни супстанции, перформансите на Локалната издувна вентилација може да се проценат преку квантитативни, мерки како што е мерење на брзината на струење на воздухот во лицето од штандовите и цевководот, како и примената на квалитативни мерки, на пример користење на чадот или други средства за демонстрирање дали загадувачите се ефикасно отстранети.

Законодавство

Поединечни директиви кои се однесуваат на здравјето според Рамковната директива (89/391) Поединечните директиви кои се наведени во продолжение се однесуваат на превенција на ризиците по здравјето и јасно ги одразуваат принципите на превенција и контрола, како што е утврдено во Рамковната директива[2].

Хемиски агенси

Директива за хемиски агенси (98/24/EC)

Целта на Директивата за хемиски агенси[3] е да се утврдат минималните барања за заштита на работниците од ризиците по нивната безбедност и здравје, од веројатноста тие да настанат, од ефектите на хемиските агенси кои се присутни на работното место или како резултат на работна активност која вклучува хемиски агенси. Работодавачот мора да утврди дали опасните хемиски агенси се присутни на работното место и да го процени секој ризик за безбедноста и здравјето кој ќе произлезе од нивното присуство. Работодавачот мора да поседува проценка на ризик на работното место во согласност со Член 9 од Директивата 89/391/ЕЕС.[2]. Оваа проценка треба да се ажурира, особено доколку има значајни промени, или ако резултатите од следењето на здравјето покажат дека тоа е неопходно. Работодавачот мора да ги преземе неопходните превентивни мерки пропишани во Член 9 од Директивата 89/391/ЕЕС[2]. и ризиците мора да се елиминираат или редуцираат до минимум, следствено на хиерархијата на превентивни мерки. Специфичните заштитни, превентивни и мониторинг мерки кои се наведени подолу мора да бидат применети доколку извршената проценка од страна на работодавачот открие ризик по безбедноста и здравјето на работниците.

  • Работодавачот мора да се осигура дека ризикот е елиминиран или сведен на минимум, по можност преку замена (замена на опасниот хемиски агенс со хемиски агенс или процес кој не е опасен или е помалку опасен).
  • Работодавачот мора редовно да врши мерење на хемиските агенси кои може да претставуваат ризик по здравјето на работниците, во однос на граничните вредности на професионална изложеност и мора веднаш да преземе мерки за поправка на состојбата, доколку има пречекорување.

Директива 2004/37/ЕС канцерогени или мутагени супстанци на работа

Оваа Директива се занимава со заштита на работниците од ризиците по безбедноста и здравјето при работа од изложеност на канцерогени или мутагени супстанци на работа. Таа не се однесува на работниците кои се изложени на радијација опфатена со Договорот Еуратом. Договорот Еуратом е еден од двата познати договори од Рим кој стапил на сила во 1958 година и претставува темел на Европската заедница за атомска енергија.

Физички агенси

Постојат неколку директиви кои се занимаваат со ризиците предизвикани од физички агенси и ги покриваат минималните безбедносни и здравствени услови во поглед на изложеност на работниците на ризици кои се презентираат од следниве опасности:

  • Директива за вештачка оптичка радијација 2006/25/EC[8]
  • Директива за електромагентни полиња и бранови 2004/40/EC[9]
  • Бучава - Директива 2003/10/EC7))[10]
  • Директива за вибрации 2002/44/EC[11]
  • Јонизирачко зрачење – Директива 96/29/Euratom[12].

Биолошки агенси

Директивата 2000/54 /EC[13] ги утврдува минималните услови за безбедност и здравје при работа на работниците изложени на биолошки агенси и ги следи принципите на Директивата 89/391[2].

Директивите поврзани со безбедноста вклучуваат:

  • Опрема за работа
  • Лична заштитна опрема
  • Работа со визуелни дисплеј уреди
  • Ракување со тешки товари кои вклучуваат ризик од повреда на грбот
  • Привремени или мобилни работни места
  • Рибарство и земјоделство

Психосоцијални ризици

Европската агенција за безбедност и здравје при работа препозна дека постои, во текот на последните неколку декади, сè поголем број на работници изложени на психо-социјални ризици на работа и под влијание на стрес на работното место. Превенцијата на психо-социјалните ризици е една од клучните предизвици за експертите за БЗР и креаторите на политиката во Европа[14].

Заклучоци

Принципите на превенција и контрола го поткрепуваат управувањето со ризиците за безбедноста и здравјето при работа. Тоа се добро воспоставени принципи и широко применливи. Можеби треба повеќе да се разгледува превенцијата на ризици на прво место, посебно во поглед на замена со, на пример, помалку опасна супстанција, отколку веднаш да се размислува на мерки за управување/контрола на ризиците. Психосоцијалните прашања треба да се разгледуваат заедно со безбедносните ризици и ризиците по здравјето предизвикани од физички, хемиски и биолошки агенси.

Литература

  1. 1.0 1.1 1.2 ILO Global strategy on occupational safety and health, 2003. Available at: [1]
  2. 2.0 2.1 2.2 2.3 2.4 2.5 2.6 2.7 2.8 2.9 EC-European Community Directive 89/391 of 12 June 1989 on the introduction of measures to encourage improvements in the safety and health of workers at work – “Framework Directive”, OJ L 183. Available at: [2]
  3. 3.0 3.1 EC-European Community Directive 98/24/EC of 7 April 1998 on the protection of the health and safety of workers from the risks related to chemical agents at work (fourteenth individual Directive within the meaning of Article 16(1) of Directive 89/391/EEC) , OJ L 131. Available at: [3]
  4. EC-European Community Directive 2004/37/EC of 29 April 2004 on the protection of workers from the risks related to exposure to carcinogens or mutagens at work (Sixth individual Directive within the meaning of Article 16(1) Directive 89/391/EEC), OJ L 158. Available at: [4]
  5. 5.0 5.1 HSE- Health and Safety Executive (2003). Principles and guidelines to assist HSE in its judgements that duty-holders have reduced risk as low as reasonably practicable HSE. Retrieved on 11 June 2013, from: [5]
  6. Machinery Safety 101 (2011). Understanding the Hierarchy of Controls. Retrieved 20June 2013, from [6]
  7. EU;OHSAS 18001 Occupational Health and Safety Management Systems – Requirements. Available at: [7]
  8. EC- European Community Directive 2006/25/EC of 5 April 2006 on the minimum health and safety requirements regarding the exposure of the workers to risks arising from physical agents (artificial optical radiation, 19th individual Directive within the meaning of Article 16(1) of Directive 89/391/EEC, OJ L 114. Available at: [8]
  9. EC- European Community Directive 2004/40/EC of 29 April 2004 on the minimum health and safety requirements regarding the exposure of the workers to risks arising from electromagnetic fields and waves (18th individual Directive within the meaning of Art. 16(1) of Directive 89/391/EEC), OJ L 184. Available at: [9]
  10. EC- European Community Directive 2003/10/EC of 6 February 2003 on the minimum health and safety requirements regarding the exposure of workers to the risks arising from physical agents (noise) (Seventeenth individual Directive within the meaning of Article 16(1) of Directive 89/391/EEC), OJ L 42. Available at: [10]
  11. EC- European Community Directive 2002/44/EC of 25 June 2002 on the minimum health and safety requirements regarding the exposure of workers to the risks arising from physical agents (vibration) (sixteenth individual Directive within the meaning of Article 16(1) of Directive 89/391/EEC), OJ L 177. Available at: [11]
  12. EC- European Community Directive 96/29/EURATOMof 13 May 1996 laying down basic safety standards for the protection of the health of workers and the general public against the dangers arising from ionizing radiation Directive 96/29 Euratom – ionising radiation. Available at: [12]
  13. EC- European Community Directive 2000/54/EC of the European Parliament and of the Council of 18 September 2000 on the protection of workers from risks related to exposure to biological agents at work (seventh individual directive within the meaning of Article 16(1) of Directive 89/391/EEC), OJ L 262. Available at: [13]
  14. EU-OSHA - European Agency for Safety and Health at Work, Management of psychosocial risks at work: an analysis of the findings of the European Survey of Enterprises on new and emerging risks, 2012.

Contributors

Milan Petkovski
OSH: 
NACE: