Физички агенси

From OSHWiki
Jump to: navigation, search

Вовед

Терминот „физички агенси" најчесто се користи за да ja опише групата на извори на енергија кои имаат способност да нанесат повреда или болест на работниците. Примерите на физички агенси вклучуваат: бучава, вибрации, електромагнетни зрачења, електрична енергија и екстремни температури.

Во овој преглед се воведуваат различните физички агенси и накратко се дискутира за ризиците по вработените од тие агенси, како да се контролираат ваквите ризици и ги идентификува европските Директиви за заштита на работниците во Европа од тие агенси. Обезбедени се и линкови до детални статии за поединечните физички агенси.

Европски закони

Во Европа, ризиците на работното место од изложеност на многу физички агенси се контролираат преку европските директиви. Европските директиви ги дефинираат минималните нивоа на заштита на работникот за кои земјите членки се обврзани да ги спроведат во нивното национално законодавство. Земјите членки може да дефинираат и повисоки нивоа на заштита од оние наведени во Директивите, и обично имаат 3 години од објавувањето на Директивата да ја спроведат во нивното национално законодавство.

Некои агенси се опфатени во серијата Директиви кои конкретно се однесуваат на физички агенси, додека другите се опфатени во Директивите надвор од таа серија, види Табела 1. Европските директиви не ги опфаќаат сите агенси, и онаму каде што има на располагање насоки за изложеноста, истите се обично дефинирани во националните или меѓународните стандарди или во други насоки за безбедноста и здравјето при работа.

Табела 1. Европски Директиви кои се однесуваат на физички агенси

Физички агенс Директива
Физички агенси (Бучава) 2003/10/ЕС[1]
Физички агенси (Вибрации) 2002/44/ЕС[2]
Физички агенси (Вештачко оптичко зрачење) 2006/25/ЕС[3]
Физички агенси (Електромагнетни полиња) 2008/46/ЕС[4]
Јонизирачко зрачење 96/29/EURATOM[5]
Електрична опрема 2006/95/ЕС[6]

Извор: Pitts, 2013 оригинален цртеж

Физички агенси

Бучава

Редовното изложување на високи нивоа на бучава, или многу високото ниво на ударна или експлозивна бучава може да предизвика трајно оштетување на слухот или други оштетувања на увото како тинитус. И губењето на слухот и тинитусот се непоправливи состојби со значително влијание врз секојдневниот живот.

Бучавата на работното место, исто така, може да создаде безбедносни ризици, каде што работниците нема да бидат во можност да ги слушнат предупредувачките звуци како што е бучавата на машините во погон или алармите. Таквите состојби лесно може да се случат во бучни работни места, особено каде што работниците треба да користат заштита на ушите и каде што некои работници страдаат од губење на слухот.

Бучавата треба да се елиминира уште на изворот каде што е тоа можно, или да се намали до оние нивоа каде што ризиците се минимални. Дневната изложеност и крајните нивоа на делување на бучавата и граничните вредности се дадени во Директивите за физички агенси (Бучава)[1] за да се осигура дека се преземени соодветните активности при соодветни нивоа на бучава со цел да се обезбеди заштита на работниците.

Личната заштита на слухот се користи кога останатите контроли не можат соодветно да ја намалат изложеноста. Заштитата за уши мора да се избере на начин што ќе ја намали изложеноста на бучава колку што е можно без изолирање на работникот, што може да ја компромитира безбедноста.

Европската Директива за безбедност на машини[7] наложува за бучната опрема која се употребува на работното место да се обезбедат информации за емисијата на бучава која ќе им овозможи на работодавачите да изберат машини со пониско ниво на бучава. Вредностите на емисијата на бучава ги обезбедуваат вредностите за нивото на бучава од позиција на операторот (за погласни машини) и нивоата на моќност на звукот.

Вибрации

Вибрација шака-рака

Работниците се изложени на вибрации во насока шака-рака кога се користат рачни, рачно водени или рачно напојувани електрични алати. Ризикот од вибрации на шака-рака може да се сретне во многу индустриски групи, кај работници кои користат многу видови рачни машини. Меѓутоа, шака-рака вибрациите се најчесто поврзани со активности како што се употребата на брусилки при тешки работи со челик, моторни пили и други алати кои се користат во шумарството и шумогојство, дупчалки за патишта во градежништвото и комуналните услуги и чекани за експлоатација на камен.

Редовната изложеност на вибрациите на шака-рака за подолг период може да предизвика независни васкуларни, неуро-сензорни и мускулно-скелетни нарушувања на раката и шаката. Генерално, овие нарушувања се нарекуваат синдром на вибрации на шака-рака (HAVS). Синдромот на вибрации на шака-рака, како трајна и во голема мера неповратна состојба, може да има значително влијание врз секојдневниот живот. На лицата кои страдаат од ова нарушување им е тешко правилно да ги чувствуваат и да манипулираат со предмети со раката и прстите, па така едноставните секојдневни задачи како читање весник, сечење храна, па дури и облекување, стануваат исклучително тешки.

Вибрациите на шака-рака треба да се отстранат на самото место од каде што потекнуваат, каде што е можно, или да се намалат на ниво каде што ризиците се минимални. Дневната изложеност на нивоата на акција и на граничните вредности на вибрациите на шака-рака се дадени во Директивата[2] за физички агенси (Вибрации) за да се осигура дека соодветни активности се преземаат на соодветни нивоа на изложеност за да се обезбеди заштита на работниците. Работодавачите, исто така, мора да ги разгледаат и ризиците за мускулно-скелетно пореметување на горните екстремитети (MSD) заедно со вибрациите на шака-рака. Како HAVS, мускулно-скелетните заболувања можат да бидат поврзани со користење на рачен алат; меѓутоа тие се предизвикани од фактори како што се незгодни пози (неповолни положби), повторувачки движења и примена на високи сили.

Ако останатите контроли на вибрациите не можат соодветно да ја намалат изложеноста, времето на изложеност за секој работник треба да се ограничи за да се спречи развојот на оштетување на здравјето од вибрациите.

Достапни се анти-вибрациони ракавици со европската ознака СЕ. Меѓутоа, анти-вибрационите ракавици обично не ja намалуваат изложеноста на вибрации, додека работодавачите ги немаат потребните информации што ќе им овозможи да направат било каква проценка на веројатноста на изложеност на вибрации кога се носат ракавици. Има корист од носењето ракавици, затоа што тие ги одржуваат рацете топли и помагаат да се одржи добра циркулација; сепак овие придобивки подеднакво можат да се постигнат и со обични работни ракавици.

Европската Директива за безбедност на машини [7] наложува со машинската опрема за употреба на работното место да бидат приложени информации за емисија на вибрациите на шака-рака, што ќе им овозможи на работодавачите да изберат машини со послаби вибрации. Вредностите на емисија на вибрациите на шака-рака, исто така, ќе им овозможи на купувачите да ја оценат веројатноста од изложеност на работното место и на тој начин да ги проценат можните ризици за работниците.

Вибрации на целото тело

Работниците се изложени на вибрации на целото тело кога седат или стојат до вибрирачки машини. Вообичаено, опасните изложувања се поврзани со теренски возила во индустриите како што се земјоделството, шумарството, рударството, експлоатација на камен и со малите и брзи чамци кои се користат на отворено море. Возилата како што се вилушкари, кранови, па дури и патни возила како што се камиони и автобуси, исто така, имаат способност да продуцираат високо ниво на вибрации на целото тело.

Се смета дека шоковите од вибрациите на целото тело се важен дел од севкупниот ризик. Поради оваа причина, Директивата на ЕУ за физички агенси[2] им овозможува на земјите членки да ја контролираат изложеноста на вибрации на целото тело или со користење на дневна изложеност врз основа на квадратен корен на средната вредност на вибрациите (RMS) или вредност на дозата на изложеност на вибрации (VDV) како мерка што е почувствителна на вибрационите шокови.

Изложеноста на вибрации на целото тело, особено во комбинација со лоши положби на телото или мануелно ракување, првенствено се поврзани со болки и повреди во долниот дел на грбот, иако може да се сретнат и болки во горниот дел од грбот и други мускулно-скелетни проблеми.

Вибрациите на целото тело мора да се отстранат на самото место од каде што потекнуваат, каде што тоа е можно, или да се намалат на ниво каде што ризиците се минимални. Нивоата на дејството на дневната изложеност на вибрации на целото тело и граничните вредности се дадени во Директивата за физички агенси (Вибрации) [2] за да се осигура дека соодветни активности се преземаат на соодветни нивоа на изложеност за да се обезбеди заштита на работниците.

Намалувањето на изложеноста на вибрациите кои се пренесуваат на целото тело често може да се постигне ако се избере вистинското возило за работа, со подобрување на патната површина, со намалување на брзината и преку модифицирање на системите за амортизација. Често се користат амортизирани седишта за намалување на изложеноста на вибрации во индустриски возила.

Европската Директива за безбедност на машини [7] налага дека со подвижните машини кои се користат на работното место, да бидат приложени информации за емисијата на вибрации на целото тело, кои ќе им помогнат на работодавачите да изберат машини со послаби вибрации.

Оптичко зрачење

Природно оптичко зрачење

Изложеност на природно оптичко зрачење (сончева светлина) е ризик за работниците кои работат во надворешни услови. Прекумерното изложување на кожата на ултра-виолетовото зрачење на сончевата светилина може да предизвика канцери на кожата и оштетување на очите/видот. Занимањата со посебен ризик се оние кои вклучуваат долги периоди на работа во надворешни услови како што се работниците кои работат во:

  • Градежништво, одржување на патишта и комуналии
  • Земјоделство, хортикултура и шумарство
  • Поштенски и услуги на испорака
  • Поморски активности (на пример: пловење долж брегот и на отворено море, рибници, риболов)
  • Чистење прозорци
  • Собирање на отпадот
  • Рекреација (на пример: вработени во голф курс, одржувачи на надворешни базени, вработени на плажи)

Работниците треба да избегнуваат долготрајно изложување на сонце за да избегнат црвенило на кожата (еритем) што е знак на оштетување на кожата како и на рани знаци на опекотини. Едноставни начини за минимизирање на ризиците се:

  • да се направи пауза во места под сенка
  • да се покријат чувствителните/загрозените делови на телото како што се грбот и вратот и да се користи соодветна УВ заштитна облека
  • Да се користи крема за сончање на изложената кожа

Важно е да водите грижа, истовремено и на работа и вон работата. Не се обидувајте да добиете тен; тоа можеби изгледа добро, но тоа покажува дека кожата е веќе оштетена.

Контролирањето на природното оптичко зрачење не е вклучено во Директивите на Европската Унија. Сепак, општи совети за заштита од сонце за надворешните работници се обезбедени од здравствените надлежности за здравјето при работа, на пример HSE INDG337[8] и HSE INDG147[9].

Вештачко оптичко зрачење

Изложување на вештачко оптичко зрачење може да произлезе од светлината која се емитира од вештачки извори, на пример светлина во сите форми како видлива, ултравиолетова, инфра-црвена и ласери, но со исклучок на сончевата светлина. Ефектите од изложеност на вештачко оптичко зрачење можат да бидат истовремено и акутни и хронични, кои главно делуваат на кожата и на очите.

Каде што е погодена кожата, оние кои се изложени може да страдаат од краткорочни ефекти на црвенило (еритем), пликови и изгореници. Долгорочната изложеност може да предизвика стареење на кожата (еластозис-elastosis) и рак на кожата. За очите, оштетувањата вклучуваат воспаление на рожницата (фотокератитис - photokeratitis), воспаление на конјуктивата долж линиите на очните капаци и очната шуплина (фотоконјуктивитис), оштетувања на ретината, корнеални изгореници, ретинални изгореници и катаракта. Повеќето извори на светлина (како што се надземни и задачи на осветлување, компјутерски екрани и фотокопири) се безбедни кога се користат правилно (на пример, флуоресцентни светилки опремени со дифузери). Меѓутоа, некои извори може да претставуваат ризик кој треба да се контролира (на пример, заварување, сечење на плазма, ултра-виолетово сушење на мастила и бои).

Изложеноста на работниците треба да биде под контрола, така што ќе се избере опрема со ниска емисија, со ограничен пристап и користење екрани. Граничните вредности на изложеност се дадени во Директивата за физички агенси (Вештачко оптичко зрачење)[3] за да се осигура дека се преземени соодветни мерки за нивото на изложеност со цел да се осигура заштита на работниците. Ограничувањата на изложеноста зависат од брановата должина, од делот на телото што е изложен на ризик и времето на изложеност. Границите се одредуваат во однос на ирадијацијата (емитирана енергија по квадратен метар што паѓа на површината, W/m2), зрачењето (емитирана моќ на површината во даден цврст агол, [W/m2/sr) или на зрачна изложеност (интеграл на зрачењето со времето, односно емитирана енергија по метар квадратен која паѓа на површината, J/m2).

Доколку другите контроли не можат соодветно да ја контролираат изложеноста, работниците ќе мора да носат заштитна облека за да ги покријат изложените делови на кожата и да ги заштитат очите. Обично тоа значи носење на ракавици, заштитни очила и штитници за лице. Заштитата на очите треба да биде соодветна за брановата должина на зрачењето на кое работникот е изложен.

Изложувањето на работниците треба да се контролира со избирање на опрема со ниска емисија, ограничување на пристапот и користењето екрани. Граничните вредности на изложеност се дадени во Директивата за физички агенси (Вештачко оптичко зрачење)[3] за да се осигура дека соодветни активности се преземаат на соодветни нивоа на изложеност за да се обезбеди заштита на работниците. Границите се одредуваат во однос на ирадијацијата (емитирана енергија по квадратен метар што паѓа на површината W/m2), зрачењето (емитирана моќ на површината во даден цврст агол W/m2/sr) или на зрачна изложеност (интеграл на зрачењето со времето, односно емитирана енергија по метар квадратен која паѓа на површината, J/m2).

Ако другите контроли не можат соодветно да ја контролираат изложеноста, работниците ќе треба да носат заштитна облека за да ги покријат изложените делови на кожата и да ги заштитат очите. Нормално, тоа значи носење ракавици, заштитни очила или штитници за лице. Заштитата за очи треба да биде соодветна за брановата должина на зрачењето на кое работникот е изложен.

Ласери

Ласерите се подгрупа на вештачкото оптичко зрачење кои претставуваат одредени ризици на работникот. Повредата на окото може да биде предизвикана од кратка изложеност на ласери со прилично слабо напојување, додека ласерите со јако напојување може и да ја изгорат кожата. Дифузната рефлексија на високо енергизирани ласерски зраци од површината, исто така, може да биде опасна за очите. Ласерите имаат широк спектар на примена, вклучувајќи ја медицината и забавата.

Граничните вредности на изложеност се дадени во Директивата за физички агенси (Вештачко оптичко зрачење)[3] за да се осигура дека соодветни активности се преземаат на соодветни нивоа на изложеност за да се обезбеди заштита на работниците. Границите се одредуваат во однос на ирадијацијата (емитирана енергија по квадратен метар што паѓа на површината W/m2), зрачењето (емитирана моќ на површината во даден цврст агол W/m2/sr) или на зрачна изложеност (интеграл на зрачењето со времето, односно емитирана енергија по метар квадратен која паѓа на површината J/m2).

Ризиците од ласерите можат да се избегнат со внимателна контрола на правецот на зракот, избегнувајќи ги несаканите рефлексии и со користење на соодветни заштитни очила. За ласерите со поголемо напојување потребни се клучни прекинувачи и споеви за да се обезбеди пристап од страна на соодветно обучен персонал и да се избегне ненамерно активирање на ласерот. Класификациите на безбедност на ласерот се дизајнирани за да помогнат во процесот на идентификување на соодветните контроли за различни видови на ласерски производи. Ласерите се рангирани во 7 класи според EN 60825-19 [10], види Табела 2.

Табела 2: EN 60825-1 класи на ласери

05 T2.png

Извор: адаптирано од EN 60825-1:2007[10]

Електромагнетни полиња

Електромагнетните полиња (EMFs) се јавуваат секогаш кога се користи електрична енергија. Иако повеќето извори на EMF (електромагнетни полиња) на работа произведуваат сили на полето кои се сметаат за безопасни, опасните електромагнетни полиња произлегуваат од работните процеси како заварување, радиофреквентно греење и сушење, магнетна резонанца со високостепено поле (MRI), од скенери и од јарболи за радио, телевизиска и телекомуникациска емисија. Изложувањето на работниците на високостепени електромагнетни полиња (EMFs) може да доведе до разни здравствени ефекти кои зависат од фреквенцијата на електромагнетното зрачење. При ниски фреквенции централниот нервен систем на телото може да биде погоден додека на високи фреквенции може да се појават топлински ефекти. Овие акутни здравствени ефекти се екстремно ретки и не се појавуваат во повеќето секојдневни работни ситуации.

Директивата за физички агенси (електромагнетско зрачење)[4] беше објавена во 2004 година, со цел да обезбеди соодветна заштита на работниците од електромагнетни полиња. Сепак, имплементацијата на оваа директива беше одложена поради двоумењата кои ги искажаа земјите членки на Европската Унија. Во моментов (2013 година), се дискутира околу ревидираниот предлог за Директива за електромагнетни полиња.

Јонизирачко зрачење

Јонизирачко зрачење претставуваат елеткромагнетните зраци (Х-зраци или гама зраци) или честички (алфа и бета честички). Тоа се случува природно (на пример, од радиоактивното распаѓање на природните радиоактивни материи, како што е гасот радон и продуктите од неговото распаѓање), но, исто така, можат да бидат и вештачки произведени. На работното место, јонизирачкото зрачење има голема примена во медицината, истражувањата, инженерингот, градежништвото и производството на нуклеарна енергија.

На работното место, јонизирачко зрачење претставува ризик по здравјето на работниците. Работниците со долгорочна изложеност на ниски нивоа на јонизирачко зрачење се изложени на ризик од развој на рак и ДНК мутации. Високото ниво на изложеност на радијација предизвикува болест на радијација и изгореници.

Граничните вредности на изложеност се дадени во Директивата за јонизирачко зрачење EURATOM [5] за да се осигура дека соодветни активности се преземаат на соодветни нивоа на изложеност за да се обезбеди заштита на работниците. Во повеќето европски земји лимитот за ефективна доза за професионалните работници е поставен на 20 mSv за секоја една година. Значително пониски гранични дози се дефинирани за приправниците, бремените работнички и членовите на јавноста засегнати од работните активности.

Заштитата на работниците и другите од работните активности кои вклучуваат јонизирачко зрачење се контролирани преку системи за:

  • Известување и овластување на опасни активности,
  • Ограничување и следење на примените дози,
  • Класификација и разграничување на работните подрачја
  • Информирање и обука за работниците
  • Медицински надзор на изложените работници

Термички ризици

Кај луѓето кои работат во непријатно топли и студени средини постои поголема веројатност да се однесуваат несигурно, бидејќи нивната способност да донесуваат одлуки и/или да извршуваат мануелни задачи се влошува. Кога телесниот уред за контрола на внатрешната телесна температура почнува да откажува тогаш се случува топлински стрес.

Покрај контролирање на температурата на воздухот, треба да се разгледуваат и факторите како стапка на работа, влажност и облека која се носи при работа кои можат да помогнат да се минимизираат ризиците од термичка непријатност и за развој на топлински стрес.

Контрола на термичките опасности на работното место не е вклучена во Директивите на Европската Унија. Меѓутоа, има достапни информации за облеката за заштита од термички опасности и општи совети за заштита на работниците од термички опасности, обезбедени од страна на надлежните тела за здравје на работното место, на пример GEIS 1 на HSE.[11]

Електрична енергија

Електричната енергија е дел од секојдневниот живот, и дома и на работа, но електричната енергија може да убие или сериозно да им наштети на луѓето и да предизвика штета на имотот. Напојувањето со наизменична или со еднонасочна струја може да предизвика повреди како што се: електричен шок, електрични изгореници и термички изгореници, како и создавање на губиток на контрола врз мускулите, што може да претставува безбедносна опасност.

Дури и не-фаталните струјни удари можат да предизвикаат сериозни и трајни повреди. На пример, шоковите од неисправна опрема можат да доведат до пад од скали, скелиња или други работни платформи. Оние кои користат или работат со електрична енергија не се единствените изложени на ризик; лошите електрични инсталации и дефектните електрични уреди може да доведат до пожар, кој, исто така, може да предизвика смрт или повреда на други лица. Повеќето од овие несреќи можат да се избегнат со внимателно планирање и јасни мерки на претпазливост.

Заштитата на работниците од електрични опасности е првенствено опфатена со Директивата за електрична опрема [6]. Контролата на ризиците започнува со проверка дали проектирањето, инсталацијата, модификацијата и поправката на електричните постројки се врши од страна на лица со соодветна обука и компетентност. Инженерските контроли, како што се бравите и прекинувачите, се потребни за да се обезбеди пристап и се соодветно контролирани. Сепак, овие контроли треба да се користат во комбинација со едноставните рутински проверки за знаци на оштетување или загадување со вода.

Преглед

Терминот „физички агенси“ може да се примени на бројните агенси кои предизвикуваат голем број на негативни здравствени и безбедносни последици врз работникот. Агенсите може да претставуваат ризик за вработените во повеќето, ако не и во сите, индустриски категории. За повеќето агенси, законските обврски се поставени на работодавачите да ја контролираат изложеноста на работното место на агенси преку европските директиви.

Ризиците по безбедноста и здравјето при работа од физички агенси се различни, но овие ризици може да се контролираат. Основните принципи на контрола кои генерално може да се применат на агенсите се: елиминирање или намалување на емисиите на изворот, намалување на емитираната енергија со употреба на бариери, изолатори или амортизери, управување со времетраењето на изложеноста и употребата на заштитна облека. Во прилог на овие мерки за контрола, информациите, инструкциите и обуката за корисниците на машини и мониторинг на здравјето се исто така важни компоненти за успешните програми да управуваат со ризиците од физички агенси.


Литература

  1. 1.0 1.1 Directive 2003/10/EC of the European Parliament and of the Council of 6 February 2003 on the minimum health and safety requirements regarding the exposure of workers to the risks arising from physical agents (noise) (Seventeenth individual Directive within the meaning of Article 16(1) of Directive 89/391/EEC), OJ L 42, 15.2.2003. Available at: [1]
  2. 2.0 2.1 2.2 2.3 Directive 2002/44/EC of the European Parliament and of the Council of 25 June 2002 on the minimum health and safety requirements regarding the exposure of workers to the risks arising from physical agents (vibration) (sixteenth individual Directive within the meaning of Article 16(1) of Directive 89/391/EEC). Available at: [2]
  3. 3.0 3.1 3.2 3.3 Directive 2006/25/EC of the European Parliament and of the Council of 5 April 2006 on the minimum health and safety requirements regarding the exposure of workers to risks arising from physical agents (artificial optical radiation) (19th individual Directive within the meaning of Article 16(1) of Directive 89/391/EEC), OJ L 114, 27.4. 2006. Available at: [3]
  4. 4.0 4.1 Directive 2008/46/EC of the European Parliament and of the Council of 23 April 2008 amending Directive 2004/40/EC on minimum health and safety requirements regarding the exposure of workers to the risks arising from physical agents (electromagnetic fields) (18th individual Directive within the meaning of Article 16(1) of Directive 89/391/EEC), OJ L 159, 30.4.2004. Available at: [4]
  5. Council Directive 96/29/EURATOM of 13 May 1996 laying down basic safety standards for the protection of the health of workers and the general public against dangers arising from ionizing radiation, OJ L 374, 27.12.2006. Available at: [5]
  6. Directive 2006/95/EC - electrical equipment of the European Parliament and of the Council of 12 December 2006 on the harmonisation of the laws of Member States relating to electrical equipment designed for use within certain voltage limits. Available at: [6]
  7. 7.0 7.1 7.2 Directive 2006/42/EC of the European Parliament AND OF THE COUNCIL of 17 May 2006 on machinery, and amending Directive 95/16/EC (recast), OJ L 157, 9.6.2006. Available at: [7]
  8. ’Sun protection – Advice for employers of outdoor workers’, HSE INDG337 04/01 HSE Books. Available at: [8]
  9. ’Keep your top on – Health risks from working in the sun’ INDG147(rev1) 03/07, HSE Books. Available at: [9]
  10. EN 60825-1:2007 ‘Safety of laser products – Part 1: Equipment classification and requirements (IEC 60825-1:2007)’, European Committee for Electrotechnical Standardization, 2007.
  11. ’Heat stress in the workplace. What you need to know as an employer’, HSE Information Sheet GEIS1 08/03. Available at [10]

Линкови за натамошно читање

Non-binding guide to good practice for the application of Directive 2003/10/EC of the European Parliament and of the Council on the minimum safety and health requirements regarding the exposure of workers to the risks arising from physical agents (Noise), 2008. Available at: : [11]

Non-binding guide to good practice with a view to implementation of directive 2002/44/EC on the minimum health and safety requirements regarding the exposure of workers to the risks arising from physical agents (vibrations), 2008. Available at: [12]

Non-binding guide to good practice for implementing Directive 2006/25/EC ‘artificial optical radiation’, 2011. Available at: [13] Technical recommendations for monitoring individuals occupationally exposed to external radiation, 2009. Available at: [14]

EU-OSHA - European Agency for Safety and Health at Work, Workplace Exposure to vibration in Europe: An expert review, 2008. Available at: [15]

EU-OSHA - European Agency for Safety and Health at Work “Report - Prevention of risks from occupational noise in practice”, 2005. Available at: [16]

EU-OSHA - European Agency for Safety and Health at Work, “Report - Reducing the risks from occupational noise”, 2005. Available at: [17]

Contributors

Milan Petkovski
OSH: 
NACE: