Category:ExportImport

From OSHWiki
Jump to: navigation, search
                                                 Меѓународната конференција за регионална соработка-ОSH BON TON

Меѓународната конференција за регионална соработка започна да се одржува во 2015 год.во Охрид, Македонија. Со својот концепт, за прв пат во историјата на регионот, е прва од ваков вид каде организатори се сите кои пројавија интерес од професионалните невладини организации, универзитетите и од други чинители од областа на безбедноста и здравјето при работа. Целта на оваа конференција е преку размена на теоретските и практичните искуства да се утврдат насоките на идните истражувања и развој во областа на безбедност и здравје при работа. Преку воспоставување на релации помеѓу соодветните институции од областа на БЗР, ќе се овозможи континуирана соработка помеѓу сите чинители во областа и можност за реализација на регионална мрежа BALcanOSH Network од релевантни институции преку која ќе се остварува постојана размена на искуства, заедничко организирање на обуки и тренинзи, проекти, како и примери од добра пракса. Збирката на трудови која произлезе од оваа конференција може да ја превземете на следниот линк: http://mk.balkanoshconference.org/images/dokumenti/zbirka_trudovi.pdf